14.12.2024
Почетна / Градина / Вести / Зграпчи ја пролетта и ослаби

Зграпчи ја пролетта и ослаби

Конечно топлото време дојде и кај нас. Пролетта може да биде и најдоброто време од годината за да ги продолжите напорите за симнување на некој килограм кој што Ви пречи. Топлото време мами на прошетки и следствено на тоа, станувате повеќе активни.

Чистењето на домот, дворот, гаражата и самото поголемо движење допринесува за согорување на повеќе калории. Со овие факти, и губењето на килограмите може да биде полесна задача.

Ако имате двор или градина, нејзиното средување не само што ќе ја зголеми Вашата активност, туку ќе овозможи да имате и прекрасен зеленчук во доцната пролет и летото.

Како што сезоната на зреење на различните зеленчуци одминува, ќе бидете во можност да имате здрава храна директно од Вашата градина.

Сето тоа надополнето со физичката активност доведува до губење на килограмите. Уште повеќе, Вие ќе уживате во работата. Искористете ја предноста на потоплото време и внесете редовна физичка активност во својата дневна рутина, како и сезонска храна во исхраната.

Секогаш, излезете навечер и прошетајте се по Вашето маало. Со тоа ќе видите што се има ново, ќе потрошите калории и ќе се чувствувате подобро. По прошетката, подгответе сезонска салата како дел од вечерата. Пролетта е одлично време за намалување на килограмите добиени во зимскиот период и подобрување на Вашето здравје.

 

Види

5. цвеќиња кои ги сакаат северните простории

Некои цвеќиња претпочитаат светлина, но не сонце. Други се дефинитивно љубители на темните простории. Значи, …