Салвијата е распространета низ целата земја. Таа се одгледува како градинарско растение. Исто така може да се сретне и како диворастечко растение, но е на исчезнување и поретко се користи во медицинската пракса.
Цвета во јули. Корисен дел се листовите кои се берат малку пред цветањето. Се сушат на ладно и проветрено место или во машина за сушење.
Листовите на Салвијата се богати со етерични масла, катехини, гликозиди, смолести материи, органски киселини, пентози, восоци, аминокиселини, каротин, фитонциди и др.
Има антиинфламаторно дејство и влијае поволно кај улцеративните процеси во желудникот и дуоденумот. Покажува антиинфламаторно дејство врз слузокожата на усната празнина и дишните патишта.
Наоѓа примена кај трескавична состојби, против мачна кашлица, за подобрување на спиењето, при бронхитис, ларингити, грип, болести на жолчните патишта, за потиснување мајчиното млеко и др.
Околу 1 лажица од растението се попарува со 400 мл врела вода и се остава да отстои 1 час. Потоа се прецедува и се пие по 1 чаша пред спиење, 3 пати на ден.