30.04.2024
Почетна / Градина / Вести / РАНА НАЈАВА: Во Склоп на длабокиот циклон од северозападна Европа, влажен бран ќе ја зафати и Македонија!

РАНА НАЈАВА: Во Склоп на длабокиот циклон од северозападна Европа, влажен бран ќе ја зафати и Македонија!

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Во склоп со длабокиот циклонски систем кој е со центар над северозападна Европа, во следните часови, најпрвин во западните, а потоа и во останатите предели од Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде, особено во јужните предели и со умерен интензитет. Ветерот од јужен правец и понатаму ќе го има, но ќе биде со послаб интензитет и ќе го менува својот правец во југоисточен.

За време на овој влажен бран, локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар крадратен, особено во јужните предели.

Послаби врнежи од дожд ќе има и во Скопје и околината.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат натпросечно високи за овој период од годината и на повеќе места ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминат и 15 степени.

Натпросечното топло време ќе остане и во текот на следната седмица, но детална метео анализа за следната седмица следува во следните наши објави.

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …