Ова е едногодишно растение која често се среќава во нашата земја. Латинското име доаѓа од грчкиот збор за железо Sidiros и латинскиот назив за Шар Планина е Scardus.
Расте претежно на повисока надморска висина во суви предели и песокливи почви. Цвета од крајот на мај до август во зависност од надморската височина. Најмногу го има на високите планински пасишта најчесто на висина преку 1500 м.н.в.
Може да се одгледува и во вештачки услови во алеи со песок, или масовно да се сади на планинските пасишта.
Наоѓа широка примена во народната медицина. Се употребува како лек против грип, настинки, воспаленија, бактерии и зајакнување на имунолошкиот систем.
Поради збогатеноста со антиоксиданси се користи како одлична превентива против ракот.
Овој чај грците го имаат заштитено и брендирано како грчки планински чај. Поради берење уште пред да почне да цвета ова растение, се заканува опасност повторно да не се појави во текот на другата година.