27.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Научниците предлагаат да се бориме против ракот на поинаков начин

Научниците предлагаат да се бориме против ракот на поинаков начин

На нашите клетки им треба гликоза, а извор за неа се јаглехидратите, кои се разградуваат во процесот на апсорпција. Научниците сфатиле одамна дека ракот ги сака слатките јадења кои содржат рафиниран шеќер и прости јаглехидрати. За жал денешниот цивилизиран начин на хранење ни ја нуди во изобилство “храната на среќата”, кои сепак се полни со рафиниран шеќер.

Научниците предлагаат да сопре развојот на ракот со лишување од шеќер. Во далечната 1920 година еден германски лекар Ото Варбург и други специјалисти јасно кажаа дека ракот има своја омилена храна – шеќер.

За жал многу од нив го премолчија овој факт и не ги известиле своите пациенти, за да ги заштитат и да почнат со диета без шеќер. Научници предлагаат да се борите со ракот преку еден поинаков начин.

Д- р Ото Варбург добитник на Нобеловата награда за медицина е на мислење дека ракот може да биде победен преку постот. Навистина тоа не е воопшто лесно, но за некои може да биде единственото решение за справување со болеста. Други лекари, меѓутоа, сметаат дека тоа не е соодветно за секој вид на рак, затоа овој начин на лекување со глад или диета треба да се спроведува од страна на лекар специјалист.

Според научникот, туморите и малигните клетки растат благодарение на клетки кои произведуваат енергија од аденозин трифосфат (АТП), кој се добива по неокисленото разградување на гликозата, која доаѓа од шеќерите.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …