18.05.2024
Почетна / Градина / Oд каде доаѓа традицијата за красење елка?

Oд каде доаѓа традицијата за красење елка?

Христијанска традиција

Според христијанската традиција красењето на божиќната елка е поврзана со Св. Бонифациј. Друга легенда ja поврзува традицијата за украсување на елката со Мартин Лутер, кој околу 1500 година се прибира дома на Бадник и бил запленен од убавината на група млади елки. Нивните гранчиња, покриени со снег, блескале, па монахот отсекол една од нив, и ја однел дома кај своите деца, за да ја сподели со нив оваа убавина.

Меѓу христијанските верувања на германските народи зимзелените дрвја што го украсуваат домот за време на зимските празници се симбол на дрвото на животот во Едемската градина. Ова дрво е наречено рајско и присуствувало во своите домови за време на празнувањето на годишниот христијански празник. Во 18 и 19 век оваа традиција се протега во цела Германија, а дрвото се украсува со запалени свеќи, кои се симбол на Божјата светлина.

Римокатоличката црква долго го сметала овој обичај за протестантски, но постепено од Германија традицијата е пренесена во останатите земји, а во 19 век целата тогашна европска аристократија се натпреварува да покаже суптилен пречек на Рождество околу украсените елки. Интересен е фактот дека по Октомвриската револуција во Русија елката е забранета, но традицијата е толку силна што таа се издигна како Новогодишна елка и ѕвездата на врвот веќе не се смета за претставник на Витлеемската ѕвезда, а за црвената ѕвезда на револуцијата.

Традиционална божиќна елка

Дрвото се сместува на 23 декември и се уништувало по 12 дена – на 6 јануари. Ако елката е украсена пред или по овие датуми се смета за лоша среќа. Во современото општество комерцијализираната божиќна декорација се изложувала во продавниците веднаш по крајот на август. Во Германија се уште се чува обичајот елката да се украсува на 24 декември и да се откити на 7 јануари.

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …