25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Симболиката на Новогодишните елки

Симболиката на Новогодишните елки

Зимзелените дрвја симболизираат вечен живот. Божиќните елки се едни од најраспространетите дрвја за време на Новогодишните и Божиќните празници. Тие претставуваат традиција поврзана со празнувањето на Исусовото раѓање. Пред Божиќ дрвјата се сечат, се носат во домовите и се украсуваат со разнобојни сијалички, лампиони, украси итн. Иако денес божиќната елка се смета за христијански обичај, всушност таа се применува уште во антиката.

Во древен Египет се украсувале палмите. Германските племиња подоцна корист ат зимзелени гранчиња за прославување на дарот на светлината на 21 декември.Во одделни случаи се украсуваат големи улични дрвја на стратешки места, без да бидат исечени. Тоа се претежно плоштадите, парковите, урбаните градини и слично.

Кај нас најчесто се користат вештачките елки кои лесно може да се набават секаде. Вештачките елки се едни од најзначајните за време на новогодишните и божиќните празници. Тие најчесто се украсувани со разновидни декоративни елементи кои ја разубавуваат елката. Претежно на врвовите се ставаат големи ѕвезди кои ја симболизираат Бетлехемската ѕвезда која го покажала патот на тројцата мудреци при раѓањето на Исус. Исто така се користат на врвовите и ангелчиња, топки во различни вои, светилки итн.

Најчесто користени бои на овие декоративни елементи се златните и црвените. Се смета дека елката за прв пат станува божиќно дрво во Германија каде гранките значат вечна вера на Христос. Тие длабоко верувале во тоа дека во неа живее духот на шумата кој ги штити. Денес елките се користат ширум светот и често се сретнуваат во земјите кои не се христијански.

Види

Потхранување на расадот

Хранењето на млади растенија со зеленило започнува веднаш по ртење на растенијата – околу 5-7 …