23.05.2022
Почетна / Градина / Вести / Производство на вино во домашни услови

Производство на вино во домашни услови

Производството на црвено вино во домашни услови треба да биде изведено по одредена процедура и редослед за да се добие квалитетен производ.

За производство на квалитетно вино многу е битна и хигиената на садовите кои ќе се користат во процесот на производството.

Берба на грозјето

Бербата на грозјето е еден од поважните моменти при производството на вино.

За производство на квалитетни црвени вина, од сортите вранец, мерло, каберне совињон и црн бургундец, потребно е грозјето да содржи доволна количина на шеќер (над 200 гр/л), вкупни киселини (над 6,0 гр/л), боени материи и ароматични материи. Собраното грозје во гајби, треба брзо да се транспортира до местото за понатомошна преработка, по можност не покасно од три часа.

Гмечење, ронење на грозјето

Од гајбите, грозјето се префрлува во гроздомелката. Гмечењето на зрната треба да овозможи од зрната да излезе гроздовиот сок – шира, но не и да има дробење на цврстите делови од гроздот и зрната. Во современото производство на вино, грозјето истовремено се рони и гмечи од гроздомелката, при што зрната од грозјето се ронат и паѓаат низ дупките на цилиндарот, а гроздинките се исфрлаат на крајот од цилиндерот.

Употреба на сулфурдиоксид

По гмечењето на зрната, ширата доаѓа во контакт со надворешната средина, при што негативно влијание на неа има кислородот, а реакцијата се манифестира со промена на бојата на ширата во кафеаво-чоколадна. Поради тоа сулфурирањето треба да се изврши што побрзо по гмечењето на зрната како би се спречила оксидација на ширата до почетокот на ферментацијата. Во домашни услови сулфурирањето најлесно се изведува со сулфурна киселина и со калиумметабисулфид (винобран).

Алкохолна ферментација

Види

Сакаше да ја истепа неговата сопруга: Еве што направи кучето за да ја спаси

Сакаше да ја истепа својата сопруга: Погледнете на следната страна што направи нејзиното куче за …