22.03.2023
Почетна / Градина / Вести / Бела и црна црница (Morus alba L., Morus nigra L.)

Бела и црна црница (Morus alba L., Morus nigra L.)

Белата и црната црница (Morus alba L., Morus nigra L.) е пренесена од Индија. Кај нас се култивира, но се среќава и диво.

Корисен дел се претежно лисјата, поретко овошјето и по исклучок кората на корените од белата црница.

Во секојдневната пракса најмногу се користат листовите. Од плодовите се подготвува сок и сируп.

Во својот хемиски состав листовите содржат гликоза, аденин, калциум карбонат, пептон. Во овошјето се наоѓа пектин, пектоза и др. Се верува дека листовите го намалуваат шеќерот во крвта. Лисјата, поретко плодовите се применуваат при шеќерна болест, кај хроничен бронхитис, фарингитис, за регулирање на нередовна менструација, при тении.

Околу 2 лажици сушени листови се запаруваат со 400 мл врела вода. Киснат околу 1/2 час. Потоа се прецедува и се пие по 1 чашка пред јадење 3 пати на ден. Кората од корените на црницата во доза од 1 лажичка кафе и запарување во 400 мл врела вода се варат уште 5 минути.

Види

Прополисот убива се што му смета на здравиот организам: Еве кои 15 болести може да ги излечи овој магичен лек!

Ако за време на ведар летен ден се открие пчелина кошница, може да се види …