26.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Наследникот на скапоцените природни растителни мириси

Наследникот на скапоцените природни растителни мириси

Нежните природни мириси се подарок за сетилата, но, како и повеќето убави чуда на природата, деликатни се и траат кратко.

Во стремежот да ги зачува скапоцените мириси и да им се насладува подолго, од природните мириси, човекот создал парфеми.

За комплетно уживање во волшебните мириси на парфемите, треба и да се знае по нешто за нив. Мирисот што се распрснува од парфемот се дели на три мирисни ноти:

Прво ги чувствуваме високите мирисни ноти – тие се обично лесни овошни и цветни мириси или зачини. Високите ноти се состојат од мали, лесни молекули, кои брзо испаруваат и го формираат првиот впечаток за парфемот. Поради ова, овие мирисни ноти се многу важни за парфемот. Тоа е и мирисот со кој ги пречекувате луѓето околу вас и трае 15-20 минути.

Следната нота на мириси се средните или срцевите ноти – тие се носители на основниот мирис и се чувствуваат по две-три вдишувања од парфемот. Во таа нота од парфемот, освен цветните и овошните ноти, може да има растителни и морски мириси, егзотични зачини и етерични масла. Тие влегуваат во контакт со вашата кожа и создаваат уникатен мирис, кој за 15-20 минути се развива целосно и и треа до еден час од нанесувањето на парфемот.

Основата на парфемот е содржана во ниските, основни ноти. Овие ноти остануваат да се чувствуваат како лесен мирис дури и откако веќе не се вдишува мирисот од парфемот. Во нивната основа доминираат трајни растителни есенции и есенции од дрво, зачини (ванила, цимет, ѓумбир, бибер) и мошус. Основните ноти му даваат длабочина и тврдост на парфемот.

Соединенија на оваа класа се често фиксатори, кои се користат да ја одржат и потпомогнат силата на полесните високи и средни ноти. Се состојат од големи, тешки молекули, кои бавно испаруваат и му го даваат долготрајниот мирис на парфемот.

Автор: моја козметика

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …