03.05.2024
Почетна / Градина / На гости кај Ана Павиќ Стефанова во Кенија: Богат двор со многу егзотични цвеќиња и дрвја

На гости кај Ана Павиќ Стефанова во Кенија: Богат двор со многу егзотични цвеќиња и дрвја

Одржувањето на градината не е лесна работа. Тоа бара континуитет и редовност, но доколку се има желба тогаш не постои никаква пречка за тоа. Овој пат ви го претставуваме дворчето на Ана Павиќ Стефанова која живее и работи во Кенија, Африка.

Сите растенија и цвеќиња се насадени од неа, а проектот го почнала пред една година во Најроби. Местото е на 2000 метри надморска височина, така што има умерена клима со две дождливи сезони.

Поради нејзините патни обврски градината ја одржува градинар и нејзиниот сопруг, а таа се грижи повеќе околу контролата со болестите или бубачките кои ги напаѓаат. Во нејзиниот двор има околу 40 орхидеи, сите надвор во својата природна средина, закачени на дрва (корењата се лепат на дрвата), има посебен дел со кактуси и сукуленти, дел со рози кои цветаат во текот на целата година.

Од дрвјата има доста овошни, како на пример авокадото и папајата, два портокали, еден лимон, три банани, една мандарина, манго, црвени бобинки, калинка и праска. Има и шест „Red flame“ дрвја кои прекрасно цветаат, палми, Акација, Леандри, Франгипани итн.

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …