19.04.2024
Почетна / Градина / Биофертилизација – Од растителни остатоци до зрел хумус

Биофертилизација – Од растителни остатоци до зрел хумус

Биофертилизација е внесување на живи микроорганизми во земјата, односно микробиолошко ѓубрење со цел да се подобри снабдувањето на растенијата со хранливи материи.

Микробиолошките ѓубрива се концентрати од корисни спорогени асимбиотски бактерии кои живеат покрај влакната на кореновиот систем, а се хранат со материите што ги лачат растенијата.

На овој начин може да се подобри снабдувањето на растенијата со азот, фосфор, калиум, како и да се стимулира растот на коренот. Со внесувањето на овие бактерии во ризосферата на растенијата се забрзуваат процесите на трансформација на органските материи и растенијата се снабдуваат со потребните хранливи материи.

Во што е тајната на дејствувањето на микробиолошките ѓубрива? Тоа е чиста микробиолошка наука која во епицентарот го става системот на кружење на материите во природата кој го поттикнува создавањето на зрел хумус во земјиштето. Во спонтаната природна заедница природата го избалансирала сето тоа, меѓутоа во организираната агробоиценоза, каде што се сеат културни растенија, тој синџир се прекинува.

Микробиолошките процеси му овозможуваат на земјиштето минерализација на сложените органски материи, се до достапни растителни асимилативи, па врз основа на микробиолошката активност може да се врши проценка на плодноста на земјиштето. Исхраната на растенијата е во директна врска со активностите на микроорганизмите во земјиштето. Затоа никогаш не треба да се горат растителните остатоци. Со горењето не само што се уништува површинската микрофлора, туку се губи и комплетната количина на целулоза и лигнин кои се незаменлива состојка на зрелиот хумус, а ќе останат само 2% хранливи елементи кои во случајов се занемарливи. Растителните остатоци и хумусот се незаменлива подлога за развој на корисните микроорганизми.

Микробиолошките ѓубрива се создадени така што со нив можат да се ѓубрат површини со органско и класично производство. Тие не го загадуваат земјиштето. Тоа се природни супстанции кои не само што ја заменуваат минералната исхрана, туку и позитивно влијаат на дезинфекција на земјиштето и намалување на штетниците и инсектите. Дезинфекција вршат на тој начин што со зголемената доза на микробиолошко ѓубриво се населува флора бактерии, кои со брзо размножување го одземаат просторот за развој на други патогени бактерии, а со материите што ги излачуваат ги уништуваат штетните вируси. Штетниците и инсектите ги уништуваат на тој начин што со брзото распаѓање на органските материи кои се наоѓаат во земјиштето ја уништуваат природната средина во којашто живеат и се размножуваат. Стопанисувањето на органските материи, било тоа да е арско ѓубриво или растителни или животински остатоци, е процес со кој постепено ќе се зголемува зрелиот хумус, а со тоа и плодноста на земјиштето. Микробиолошките ѓубрива даваат одлична можност за сето ова.

Микроорганизми кои најчесто влегуваат во состав на микробиолошките ѓубрива се:

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …