06.11.2024
Почетна / Градина / Кои кристали најчесто се употребуваат?

Кои кристали најчесто се употребуваат?

Кристалите и нивните својства и уптребливост им биле познати уште на старите цивилизации. Па така во една од теориите за пропаѓањето на Атлантида се врзува со злоупотребата на моќта на кристалите.

Кристалите и полудрагите камења биле употребувани како накит, за исцелување, и во магиски цели. некои кристали се користат и за складирање на информации. Во астрологијата на секој хороскопски знак му се доделува одреден камен(кристал).

Кристалите како софистицирани алатки со генерации биле во рацете на најмудрите луѓе.  Најдобриот начин за да си одберете кристал е оној чија боја најпрво ќе ве привлече, а истиот ќе делува само доколку му верувате. За да делува еден кристал најпрвин треба да се отвориме спрема влијанието и делувањето на кристалот. Можеме да го носиме како камче, како приврзок или во накит.

Во досегашната практика најчесто ги употребуваме следните кристали :

Горски кристал – чист, проѕирен, енергетски многу јак, употребуван во сите случаи;

Аметист – виолетов, проѕирен, енергетски чист;

Цитрин – златно-жолт, проѕирен, енергетски мошне ефикасен;

Калцедон – светло-син до небесно-син, непроѕирен;

Ахат – кристал што се наоѓа во многу нијанси и бои, проѕирен со прекрасна структура на шари;

Авентурин – најчесто зелен, помалку проѕирен;

Карнеол – црвенкаст до жолтникав, проѕирен, енергетски јак.

         При заштита на просторот не се врши разместување на мебелот, бидејќи заштитата со кристалите го покрива сиот простор како градежна целина. Трошоците за одржување на кристалите и цената на кристалите е значително помала во однос на вредноста на средствата за заштита што се познати во Македонија, а ефектите во заштитата на просторот што се постигнува со кристалите се многу поголеми

Доколку сакате консултации контактирајте ТУКА-Во продавничката на Македонски Рубин

Види

Свилено дрво – „Albizia julibrissin“

Албициата (Albizia julibrissin), позната уште како “свилено дрво” е вид од родот Албициа. Ова широколисно …