Почетна / Градина / Вести / Од денес промена со времето: Еве што не очекува

Од денес промена со времето: Еве што не очекува

Ќе се обидеме да бидеме што пократки но доволно јасни, кога станува збор за синоптичката состојба за наредниот период.

Па така почнувајќи од денес (среда) над нашето подневје постепено ќе започне да расте гребенот на антициклон што воедно ќе биде и најава за тоа дека во наредниот период временската состојба одново ќе се подобрува.

Денес (среда) во Македонија очекувајте променливо време со повремени сончеви периоди, наутро свежо а локално и студено. Но затоа пак во текот на денот постепено од југ и југозапад ќе започне приливот на нешто потопол воздух што ќе овозможи пораст на дневните температури. И тие ќе се движат во интервал од +15 до +24 С.

Потоа, под влијание на сува, стабилна и релативно топла воздушна маса од Медитеранот во следните 5 до 7 дена, над Македонија ќе доминира антициклон што ќе ни овозможи да имаме во следниот период да имаме претежно и повеќето стабилно време без изгледи за некои особени врнежи. Нешто повеќе облаци ќе имаме во четврток и делумно во петок, каде не се исклучува можноста и да заврне или да прокапне некоја капка дожд, но во најголем дел од земјава сепак останува суво и стабилно.

Дневните температури во наредните неколку дена ќе се движат во просек од +18 до околу +25 С, колку што се очекува прогнозирана особено на југот и југоистокот на државата.

Како и да е пред нас е еден подолг период на стабилно и суво време, со речиси идентично скоро летни температури преку ден, каде врнежи речиси нема да имаме во следните 5-7 дена. Па ваквата временска состојба предлагам да се искористи на најдобар можен начин. И како за крај оваа убава вест ве молиме споделете ја со вашите најблиски пријатели, роднини и сл, со цел да им излезете во пресрет а со тоа и ќе помогнете и на многу други кои не се со тек на времето а планираат активности на отворено итн. Имајте убава и пријатна вечер. Нови прогнози секако наскоро,,,,,следете не !

Временскиот извештај го анализира и подготви: Denis Muhovic

Види

Есенско сузбивање на плевели

Сузбивањето на плевелите е една од најзначајните агротехнички мерки во процесот на производство на житни …