19.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Дрвјата во дворовите не смеат да се сечат без дозвола

Дрвјата во дворовите не смеат да се сечат без дозвола

Од ЈП „Паркови и зеленило“, пак, велат дека ако граѓаните сакаат да сечат некое дрво, може да ги побараат и нив.

– Цените за сечење дрвја зависат од дебелината на дрвото и од времетраењето на ангажирање на специјалното возило со кошница. Цената е 3.300 денари од час. Ценовникот по кој работи „Паркови и зеленило“ е утврден и усвоен од страна на Советот на градот Скопје и го има во градот, така што странката кога ќе го поднесува барањето за сечење може да побара да го види ценовникот – велат од претпријатието.

Каква е постапката ако сакате да исечете дрво?

Од градот велат дека постапката за добивање решение е многу едноставна и брза.

– До секторот за комунални дејности се поднесува барање во кое се внесуваат личните податоци на барателот (име и презиме, улица, контакт-телефон), предмет на барањето, како и краток опис на барањето. Образецот на барањето може да се добие на шалтерот во Архивата на градот Скопје или да се симне од веб-страницата, од колоната формулари. Административната такса за барањето е од 50 денари, која се плаќа на уплатница, но може да се уплати со платежна картичка на шалтерот на градската архива преку ПОС-терминалите. Градот Скопје, во согласност со законот, носи решенија за сечење дрвја за територијата на сите скопски општини. По добивањето решение за сечење дрва на приватни површини, сечата ја вршат сопствениците самостојно – велат од градот.

Извор: Шумарите

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …