19.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Дрвјата во дворовите не смеат да се сечат без дозвола

Дрвјата во дворовите не смеат да се сечат без дозвола

Според него, не е првпат да се прават вакви ризични сечи на дрвја во приватни дворови. Најчесто тоа се прави за дрвната маса да се користи за греење, без да се води сметка за безбедноста на околината.

– Не е првпат да се случи вакво нешто. Меѓутоа никој во медиумите не дознава за тие проблеми, затоа што нема кој да ги раскаже. Да се исече дрво на своја рака претставува сериозна потенцијална опасност. Сметам дека треба да се викнат стручни лица да го направат тоа. Не може секој како ќе му текне да си сече дрво високо и до 20 метри – појаснува Зафировски.

Граѓаните што сакаат да ги исечат дрвјата што им пречат мора претходно да добијат дозвола од градот Скопје. Без таква дозвола, сечењето е нелегално.

Нема сеча без дозвола

– Граѓаните се обврзани да добијат решение за сечење дрвја од приватни површини поради повеќе причини поврзани со комуналниот ред, за заштита на животната средина, но и за да можат непречено да ги транспортираат исечените дрва од приватните површини до пилани, складишта или, пак, до други корисници на дрвната маса собрана со сечењето – велат од градот. Сепак, сечата на дрвото може, но не мора да ја изврши ЈП „Паркови и зеленило“.

– За сечење дрво од приватни дворови мора да се добие решение за сечење од секторот за комунални работи на градот Скопје, а понатаму сечењето не мора да го извршиме ние. Луѓето можат да го исечат или да побараат од некое друго лице тоа да го направи или, пак, да се обратат и до нашето претпријатие за да го исечеме дрвото. Тоа останува на граѓаните, како ќе сакаат така да постапат – велат од претпријатието.

Педесет евра од час ако дрво ви сече јавно претпријатие

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …