17.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Дрвјата во дворовите не смеат да се сечат без дозвола

Дрвјата во дворовите не смеат да се сечат без дозвола

Граѓаните се обврзани да добијат дозвола од градските власти ако сакаат да ги сечат дрвјата од своите имоти, за да се запази безбедноста, за заштита на животната средина и за да има непречен транспорт на исечените дрва до други корисници на дрвната маса, велат од градот.

За да се зголеми безбедноста на соседите

Ризикот од тоа дрвото да се скрши, да удри гром во него, или едноставно да падне од старост е доста голем. Од тие причини граѓаните сами или со помош на некој пријател ги сечат дрвјата во своите дворови, иако целата постапка претставува голем ризик за нивната безбедност. Токму затоа, за да се намалат ризиците од несакани повреди или штети по соседските имоти, потребно е да се има дозвола за сечење на старите високоризични дрвја.

Се сечат високоризични дрвја

Граѓаните коментираат дека настануваат големи проблеми поради непромисленото сечење на високите дрвја.

– Еден од соседите сечеше огромна топола стара 20 години. Тополата беше висока колку една од соседните згради. Целата ситуација изгледаше како оние емисии што ги даваат на телевизија. Кога почнаа да ја сечат тополата од горниот дел, трупци летаа насекаде. Но бидејќи дрвото беше старо, се скрши и падна на покривот на еден од соседите. Му пропадна целата покривна конструкција, па човекот што сечеше мораше да му го плати санирањето на штетите. Среќа во несреќа е што тој немаше никој во домот – вели Гоце Зафировски, жител на скопски Чаир.

Види

Која раса на куче си ?

Која раса на куче си ти?