Почетна / Градина / Вести / Димковски: Преку мерките од ИПАРД 2 и од националните програми ќе го поттикнеме производство на преработки од праз

Димковски: Преку мерките од ИПАРД 2 и од националните програми ќе го поттикнеме производство на преработки од праз

Министерт за земјоделствo, шумасртво и водостопанство, Трајан Димковски вчера во с. Градошорци, општина Василево, присуствуваше на традиционалната манифестација „Ден на празот“, којшто се одржува по 12-ти пат. Министерот Димковски посочи дека празот е бренд за овој регион, а со цел да се зголеми производството, оваа култура е финансиски поддржана преку мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, но на располагање се и мерките од Програмата за рурален развој и од ИПАРД 2, во делот на кофинансирање на трошоците за инвестиции во преработувачки капацитети коишто се важни за оваа земјоделска култура.

„Ние како ресорно министерство ќе  бидеме отворени за помош во делот на промоцијата и модернизирањето на производството. Ќе ги поттикнеме бизнисмените да инвестираат во преработка на празот, посебно како состојка во многу зачини и преку сушење, што ќе овозможи оваа култура да ја има на пазарот цела година и да се извезува. Во тој дел бизнисмените кои сакаат да инвестираат ја имаат поддршката од Владата, како преку националните програми, така и преку ИПАРД 2 програмата, со цел да се амортизираат вишоците од производството на праз, но и за добивање на преработки, изјави Димковски.

Во делот на обезбедување на сигурен пласман за празот, министерот Димковски посочи дека веќе се работи на проектот на Светска банка за изградба на откупно-дистрибутвни центри, а една од избраните локаци за изградба на ваков центар е Струмица, којшто ќе го покрива целиот регион.  Изградбата на откупно-дистрибутивниот центар во Струмица ќе биде инвестиција вредна 6.2 милиони евра. Овој модерен откупно дистрибутивен центар ќе се фокусира на главните култури произведени во регионот, како што се домати, зелка и пипер. Центарот биде изграден на  12.000 квадратни метри површина  со капацитет за 25.000 тони откуп на земјоделски производи.

На манифестацијата „Ден на празот“, присусутвуваше и градоначалникот на Василево, Марјан Јанев, а посетителите, можеа да ја покажат своја хуманост на дело, донирајќи парични средства за специјалитетите од праз што ќе посакаат да ги дегустираат. Собраните парични средства општината ќе ги донира на оние на кои им се најнеопходни. На манифестацијата освен како свеж производ, беа претставени и специјалитети подготвени со праз.

Види

Кочанец нашол пари на нива, го бара сопственикот за да му ги врати

Кочанец нашол пари на нива, го бара сопственикот за да му ги врати