10.11.2025
Почетна / Градина / Брачен пар засадил милион дрвја на уништена област. Еве што после 20 години успеале да создадат (Фото + Видео)

Брачен пар засадил милион дрвја на уништена област. Еве што после 20 години успеале да создадат (Фото + Видео)

„Земјата беше болна како и јас, сè беше уништено“, рече Салгадо за „Гардијан“ уште во 2015 година. “Само околу 0,5% од земјата беше покриено со дрвја. Тогаш мојата сопруга доби неверојатна идеја да засади шума. Кога започнавме со пошумување, сите птици и риби се вратија, а како што растеше бројот на дрвјата, се чувствував сè подобро. “

Себастињо и Лелија го основале и Институто Тера која оттогаш засадиле четири милиони садници. „Дрвјата го претвораат СО2 во кислород, а за да ги вратиме змиите, термитите и другите животни, требаше да засадиме природни дрвја. Засадената област доживеа воскреснување во наредните 20 години. Сега, од местото каде што владееше смртна тишина, повторно може да се слушнат звуците на шумата, произведени од птици и инсекти.

Во областа се вратиле 172 видови птици, 33 видови цицачи, 15 влекачи и 15 амфибиски видови и 293 растителни видови, а целиот екосистем е обновен од нула “, рече Салгадо.
Проектот инспирираше милиони луѓе како конкретен пример за позитивно делување на животната средина и покажа како може да се обнови околината ако аспирациите се правилно насочени. „Ако ја уништиме природата, се ќе уништиме“, заклучи Салгадо.

Види

Чудо во Крагујевац: Засадив за лична употреба, па остана еден ред од една сорта. Цветаше целата есен и сега се готови за берба

Сите доаѓаат на НИВА КАЈ СЛАВЕ, не веруваат дека ова се случило пред СВЕТИ НИКОЛА: …