15.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Падна првиот снег во Европа, а еве кога ќе завее и кај нас

Падна првиот снег во Европа, а еве кога ќе завее и кај нас

Една недела порано 50 сантиметри снег наврнаа и во Швајцарија. Швајцарските Алпи се целосно покриени со снег.

Областа Готхард Пас е најстуденото место, пренесува Експрес. Температурите се до -16 степени, а се очекува понатамошно заладување наредните денови.

Температурите се до -16 степени, а се очекува понатамошно заладување наредните денови.

Во текот на октомври месец не е исклучена можноста во Македонија да дојде до продор на позначително студена маса од север.

Кога таа ќе стигне над нашите краишта, односно над Јадранот и Медитеранот, ќе дојде до формирање на циклонски системи кои нормлано условуваат врнежи.

Со ваквите спуштања на значително постудени воздушни бранови, има услови во текот на октомври да се случат и првите врнежи од снег на планините во Македонија.

Она што е интересно, според моменталното следење на развојот на временската состојба за следните месеци, е тоа што ноември, а посебно декември, би можеле да имаме значително постудено време за разлика од изминатите години, но со нешто помалку врнежи и тоа особено во ноември, но снегот сепак нема да изостане.

Сепак, генерално, и по температури и по врнежи, месец октомври ќе ни биде во границите на нормалата за овој период од годината.

Види

Кој рече дека желките неможат да бидат цареви во дивината? Погледнете го видеото и ќе видите зошто!

Кој вели дека желките неможат да бидат кралеви во дивината? Погледнете го видеото и ќе …