30.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Метеролозите предвидуваат и локални поплавувања за наредниот период

Метеролозите предвидуваат и локални поплавувања за наредниот период

И како што веќе кажавме во неколку наврати, веќе во следниот период подрачјето на Македонија ќе се наоѓа под дејство на ЦИКЛОНСКА активност што во наредниот период нам ќе ни донесе доста променливи а воедно и нестабилни временски прилики кај нас.

Па така веќе почнувајки од денешниот ден (петок) особено во попладневните часови ќе имаме дестабилизација на времето низ Македонија. Повеќе сончеви и постабилни периоди би имале претпладнето. Но веќе попладне доаѓа наоблачувањето што ќе овозможи и развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално не се исклучува можноста понекаде процесите да бидат и локално поинтензивни. Останува топло но и спарно време. Максимумот би се движел од +20 до +29 степени, во оние места кои што ќе бидат зафатени со нестабипност и врнежи па за време на истите ќе знае и накратко да освежи.

Потоа за време на викендот како и во најголем дел од следната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на атмосферски систем со поле на низок воздушен притисок, што на Македонија ќе и овозможи да имаме период на доста променливо и нестабилно време.

Наместа на повеќе места низ државата во следниот период ќе се развива развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално очекуваме и БУРНИ атмосферски процеси кои би биле застапени и во форма на НЕВРЕМЕ.

Почитувани со оглед на тоа што пред нас е период на доста променливо и нестабилно време, во следниот период очекуваме спарина каде атмосферата би можела да биде доволно загреана за да се овозможат интензивни атмосферски процеси. Па затоа во следните неколку дена локално е можна и појава на НЕВРЕМЕ каде очекуваме интензивен пороен дожд, грмежи, силни и чести електрични празнења, засилен ветер и појава на град. На оние места каде што би се појавиле ваквите процеси се очекува да се истури и значително количество на воден талог, што може да доведе и до локални поплавувања и сл. Апел до сите оние граѓани каде што ќе ги затекне било каде нестабилноста да не се седи под осамени дрвја како и на отворен простор, додека овчарите во случај на нестабилно време своите стада да ги расподелат на што поголем број помали групи со цел да се избегне несакани ситуации и сл. Да се разбереме простор за паника секако дека нема, но затоа па простор за претпазливост и тоа како треба да има при вакви нестабилни временски појави итн. Останува релативно топло но и спарно.

Како и да е подгответе се сепак за генерално нестабилна атмосфера која настапува од денес па во следните денови и носи ⛈💦🌩⛈ судејќи според моменталните анализи на метео прогнозистички материјали барем од сега гледано заборавете ја стабилизацијата се некаде до 7 / 6. Значи нестабилно време би не пратело се некаде до 7 / 6, па ете до тогаш нека чадорите бидат со вас. И како за крај ова информација која е важна а особено е корисна за земјоделците и оние кои работат на отворено е тоа да го споделите овој временски извештај со цел некому да помогнете за да можат и да знат како граѓаните да се испланират и ориентират за активностите кои евентуално ги планират и сл. Нови прогнози секако наскоро.

Временската прогноза ја подготви Денис Мухович

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …