Почетна / Градина / Вести / Две македонски сорти пченици за прв пат признати и во ЕУ

Две македонски сорти пченици за прв пат признати и во ЕУ

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), дава силна поддршка на своите компании членови и ги следи во нивниот раст и традиција на создавање квалитет и одржлив бренд не само на домашниот пазар, туку и интернационално.  Бројни домашни и странски гости, стопанственици, професори, академици, претставници на јавни институции, експерти од ФАО од Рим, експерти за семе од Министерство за земјоделство на Бугарија, претставници од Министерство за земјоделство од Србија, Турција, Албанија, Хрватска, Косово, Романија, присуствуваа на традиционалниот настан „Ден на пченицата“ под покровителство на Агро комората и Сојуз на стопански комори, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Илинден.

Претседателот на Агро-бизнис комората, Огнен Оровчанец, истакна дека иновативниот пристап во развојот на сортните пченици признати меѓународно, е она што ги движи напред и одржува сите овие години. Новина е што од 2019 година на европскиот каталог на сорти ќе бидат внесени за прв пат две македонски сорти пченици и една сорта тритикале кои се создадени во оваа компанија, што значи дека семето може да се продава во земјите од Европската унија.

Заедничка работа на стопанството, науката и институциите е клучот на успехот. Употребата на сертифициран семенски материјал е  еден од начините за одржливост на производството на житни култури во услови кога климатските промени изминатите години нанесуваат сериозни штети врз земјоделското производство.  Неопходно е зголемување на производството на житни култури и намалување на увозната зависност, а сето тоа ќе имаат поголем ефект доколку се зголеми употребата на сертифициран семенски материјал, изјави Оровчанец и додаде дека  во конкуренција на светски реномирани компании како најдобри сорти пченица, со одлични карактеристики и врвни приноси, признати се неколку домашни сорти пченица во Република Грција, Република Србија и Република Албанија. Станува збор за сортата „Осатка“ која е призната во Р. Грција, Р. Србија и Р. Бугарија, а сортата  „Тритикале-Агроунија“ во Р. Србија и Р. Бугарија.

Во рамките на одбележувањето на „Денот на пченицата 2019“беше извршена  обиколка на опитните полиња и презентација на македонските сорти пченици.  На манифестацијата беше поентирано дека е потребно да се зголеми интересот за сеидба. Според официјалните статистички податоци во 2007 година имало 90 800 хектари со пченица, во 2012, 79 745 хектари со пченица, а во 2017, 72 864 хектари пченица. Што се однесува до производството на јачмен во 2007 година регистрарани се 47 712 хектари , во 2012, 41 057 хектари и во 2017 43 816 хектари.

Види

Невен – помага при невроза, депресија, артритис и болни панкреас

Дали некогаш сте размислувале за многуте корисни својства на невен? Речиси нема градина каде малите …