28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Зошто се убива и колку чини еден лав?

Зошто се убива и колку чини еден лав?

Афрканските лавови наскоро би можеле да влезат во црвената книга поради нивното се поголемо зачестено убивање. Лавовските коски се вредна суровина за лековитото азиско вино.

Лавовите се посакуван плен, која се пласира добро на црниот пазар а најчесто го користак како лек. Се смета дека тие ја имаат истата лековита сила како тигровите коски и роговите од носорог.

Според азиските познавачи тие се задолжителна состојка во народната медицина и лекуваат сè, од настинка до рак. Се смета дека чист скелет на здрав лав чини 10 000 долари.

Денес вкупно околу 8000 лавови живеат во Јужна Африка, околу 5000 се во резерватите, а останатите 3000 во дивината. Љубителите на сафари плаќаат 20000 долари за главата на лав.

Егзотичните мачки се движат во цена од 900,00 американски долари, а до 7500,00 американски долари чини тигар младенче. Повеќето од мачките со средна големина чинат 1700,00 УСД до 2800,00 УСД па се до 15.000,00 УСД. Цените на лавовите се движат од 5.000 долари за адолесцентна лавица, до 140 000 долари за редок бел лав.

Имајте на ум исто така дека трошоците за поседување на лав се над 100.000,00 долари, а годишната нега чини нешто над 10 000,00 долари.

Луѓето кои се занимаваат со одгледување на лавови за сафари сметаат дека трговијата со лавовските коски треба да се реши, но да има јасна регулатива.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …