01.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Зошто им паѓаат листовите на собните растенија?

Зошто им паѓаат листовите на собните растенија?

Зошто на собните растенија им паѓаат листовите?

Повеќето растенија ги испуштаат своите листови уште првиот ден кога ќе ги донесете дома. Тоа се случува поради нивното прилагодување во новата средина. Затоа не треба тогаш да паничите и да не почнете со нивно кастрење. Немојте ни да ги полевате премногу.

На растението му е потребен одмор и добра аклиматизација и акомодизација.

Бидете сигурни дека собното цвеќе е поставено на светлата страна во вашиот дом. Проверете ја влажноста и овозможете потребна температура. Повеќето не издржуваат на пониски температури од 10 – 15 степени.

Доколку ги овозможите овие детали очекувајте за период од 2-4 недели пуштање на нови ливчиња.

Во тој момент може да почнете со повторно полевање, но внимавајте од преполивањето. Премногу вода во саксијата може да резултира со гниење на коренот и набрзо овенување на листовите, а подоцна и умирање на растението.

Исто така ниската влажност и нередовното поливање може да допринесе во опаѓање на листовите. Разните инсекти може да го нападнат растението, па затоа се препорачува употреба на хербицидни средства. Имајте во предвид дека сите растенија на свој начин ги губат старите листови, па подоцна започнува потерување на нови.

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …