17.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Зошто е подобро лозјата да бидат прихранувани во есен?!

Зошто е подобро лозјата да бидат прихранувани во есен?!

Една од причините зошто есенското прихранување на лозјата е неопходно, лежи во фактот дека на есен е многу полесно да се добие вистинскиот вид на ѓубриво – особено кога станува збор за минералните ѓубрива.

Се смета дека 60-70% од ѓубрива се користат во првата половина на годината, така што остануваат само 30-40% за втората половина. Покрај тоа, многу е полесно да се добие соодветен вид ѓубриво и производителот не е принуден да користи што било, туку ѓубриво кое е прилагодено на потребите на лозјата, но и ѓубриво што ја подобрува плодноста на почвата.

Друга причина поради што е потребно прихранување на лозјата после бербата – на есен, е дека основните ѓубрива во есен, се ставаат на поголема длабочина, т.е. поблиску до коренот на лозата, за разлика од прихранувањето во пролет после плиткото орање.

Познато е дека главната маса на коренот на лозницата се протега на длабочина од 25 до 60 см и подлабокото прихранување со ѓубрива кое се прави во есен е подобро и поблиску до коренот така што може да биде целосно исористено.

Патем, основното прихранување на лозјата во есен е особено важно кај почви кои се сиромашни со фосфор и калиум. Доколку споменатите хранливи материи се стават плитко во почвата (како што е случајот при пролетното прихранување поради плиткото орање), лозата нема да може доволно да ги искористи во текот на следната вегетација. Затоа, есенското прихранување на лозјата и следното длабоко орање овозможува побрзо и поцелосно дејство на ѓубривото. Бидејќи почвата е посува во есен отколку во текот на зимата или раната пролет, основното прихранување на лозјето (по бербата) може да биде многу покорисно и поквалитетно.

После бербата на грозјето, нема многу работа во лозовите насади, така што овој факт му оди во прилог на прихранувањето и длабокото орање на лозјата во есен. Во спротивно сите овие агротехнички мерки ќе мора да се направат на пролет кога има други, поважни работни во лозовите насади, но и на другите земјоделски површини. Лозарите кои планираат да ги прихрануваат лозјата со органски ѓубрива, подобро е да го прават тоа за време на есента отколку во пролет< пишува Вестинаблог.

Види

Автоматизација на системот за наводнување

Автоматизацијата на системот за наводнување подразбира намалување на потребната рачна работа, а зголемување на ефикасноста …