02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Зелени мостови наменети за животните

Зелени мостови наменети за животните

Во светот одамна постои практика да се градат Екодукти (Ecoducts). Зелените капацитети дозволуваат на претставниците на животинскиот свет да ги преминат безбедно препреките создадени од човекот. Најчесто станува збор за автопатиштата, кои им пречат на животните да преминат од другата страна на патот во потрага по нови територии и храна.

Мостови или надвозници, подлези или тунели, виадукти, водоземни тунели, рибни скали, зелени покриви …, се само мал дел од објектите кои треба да ги вклучиме во поимот “Екодукт”. Првиот мост за диви животни е изграден во 1950 година во Франција. Холандија, Швајцарија, Германија, САД, Канада, Јапонија се земјите кои се другите пионери во промовирањето и спроведувањето на оваа зелена идеја.

Денес екодукти има низ целиот свет, додека пак нивниот број станува се поголем. Холандија служи за пример. Во земјата на лалињата се изградени повеќе од 600 тунели, монтирани под големи и мали патишта. Така Холанѓаните за неколку години успеваат значително да ја зголемат популацијата на загрозениот од исчезнување европски јазовец. Најдолгиот екодукт исто така се наоѓа во Холандија. Тој се наоѓа во близина на градот Кралио, долг е 800 метри и опфаќа автопат, железничка и голф.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …