04.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Заев најави нов закон и поголеми субвенции за тутунот

Заев најави нов закон и поголеми субвенции за тутунот

Нов закон за тутун најави премиерот Зоран Заев.

Согласно законот, субвенциите ќе се зголемат и наместо 60 денари како сега, ќе изнесуваат 70 или 80 денари, зависно од класата. Целта е, рече Заев, производителите да се мотивираат и поттикнат да добијат подобар квалитет.

– Тутунот ќе биде поделен во три класи и за секоја ќе има субвенција. Вкупно 80 денари за прва, 70 за втора и 60 денари за трета класа. Ќе одиме со стимулативни политики во земјоделството, се што ќе значи 10 отсто поголемо производство, покрај субвенциите ќе добие и награда, само за да расте обемот на производството, подвлече премиерот.

Според него, тутунот не може да остене само на приходот од листовите, туку ќе се развива комплетно.

– Цветот ќе се користи за енергија, а ќе се употребува и стеблото, како што прават многу модерни земји со современи технологии. Ќе поддржиме се што носи повеќе пари, за подобар живот, порача Заев од Прилеп.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …