18.05.2024
Почетна / Градина / За љубителите на егзотичните цвеќиња – Кој е цветот на страста?!

За љубителите на егзотичните цвеќиња – Кој е цветот на страста?!

Бидејќи пасифлората доаѓа од тропска клима, убаво е да ги пулверизирате лисјата од време на време. Не заборавајте да ги тргнете мртвите и изгниени делови на растението, бидејќи тие се потенцијални непријатели.

На цветот на страста може да му се радувате и во зима. Во текот на студените месеци држете ја пасифлората на светло и ладно, и намалете со наводнување. Пасифлората може да се купи во саксија или да си ја засадите сами.

Сепак, треба да знаете дека одгледувањето на растението од семе може да бара повеќе трпение, бидејќи одзема повеќе време (до неколку месеци). Ако сепак сте се одлучиле, претходно накиснете го семето во топла вода за ден-два.

Денес цветот на страста се среќава во Калифорнија и Флорида, на територијата на Јужна Америка и Австралија, на медитеранските делови на Еропа, а исто така во Кина и Индија. Кај нас може да се одгледува, се додека не добиете соодветни услови за раст. Најпогодни се југозападните и источните делови на земјата.

Види

Oдличен вкус, малку калории и многу витамини: Зошто е корисна марулата?

Марулата е зеленчук типот зелена салата, кој му припаѓа на семејството на салатите. Одамна е …