17.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Видео-градот како еден од најопасните метеролошки феномени

Видео-градот како еден од најопасните метеролошки феномени

Во 1942 британски шумар во Рупкунд, Индија дошол до непријатно откритие. На надморска висина од околу 4877 метри, на дното на мала долина тој нашол смрзнато езеро полно со скелети.

Тоа лето, топењето на мразот открило уште скелети, растурени на бреговите и во водата. Очигледно таму се случило нешто ужасно.

Тим на National Geographic бил испратен да ги испита коските во Езерото на Скелетите во 2004 година.

Покрај тоа што открил дека скелетите потекнуваат од 850 година од новата ера, тимот открил дека секој скелет припаѓал на човек убиен од удари со тапи предмети, со големина на топче за тенис, по главата и рамениците. Тимот од ова извлекол заклучок дека во 850 година, група од околу 200 патувачи ја преминувале долината кога одненадеш започнало да паѓа град. Една народна песна од областа опишува како некоја божица била толку лута што туѓинци влегле во нејзиното планинско светилиште што ги убила со камења од мраз „тврди како железо“.

Иако ретко се случува некој да умре од град (поголеми се шансите човек да биде удрен од гром) сепак не се работи за аномалија. Во оваа статија ќе ги разгледаме најсмртоносните и најскапите појави на град, како и најголемите примероци.

Последниот смртен случај се случил во САД, во 2000 година, во Форт Ворт, Тексас кога 19 годишниот Хуан Осегуера бил погоден во главата од парче мраз со големина на тупаница. Парчињата со оваа големина се движат со брзина од околу 160 километри на час, и тежат околу половина килограм, што е исто како некој да фрлил цигла во вашата глава, што е доволно да убие човек.

Најголемото парче мраз, според Националниот Комитет за Климатски Екстреми на САД, паднало во Аурора, Небраска во 2003 и имало дијаметар од речиси 18 сентиметри. Но големината може да лаже, парчето можеби изгубило и до 40 проценти од својата маса кога удрило во куќата, а можно е дел од него да се стопил до моментот кога било најдено. Најтешкото парче мраз исто така паднало во САД, во Кофивил, Канзас во 1970 година и тежело околу 750 грама.

Но, овие два рекорди беа скршени на 23 јули 2010, парче мраз со дијаметар од 20,32 сентиметри и тежина од 870 грама паднало во Вивиан, Јужна Дакота Но, за парче мраз да убие некого треба да достигне минимална големина, немора да биде огромно. Во 1979 година, бебе умрело кога парче мраз со големина на пинг-понг топче го погодило во главата вo Форт Колинс, Колорадо, додека мајка му трчала барајќи заштита. На 13 мај, 1939 година, во близината на Лубок, Тексас, 39-годишен фармер умрел како резултат на повреди заработени откако почнало да паѓа град додека тој се наоѓал во поле, а четиринаесет годишно момче било убиено од град додека работело на поле во Ларедо, Тексас во 1928 година.

Градот може да убие и индиректно, како во 1986 кога во близина на аеродромот Адисон во Далас, Тексас парче мраз го скршило ветробранското стакло на мал авион, по што авионот се срушил и пилотот умрел. Во Ориент, Ајова, во август 1980 година, кога посетителите на луна парк биле заглавени на рингишпил за време на бура во која паѓале парчиња мраз со дијаметар од 7,5 сентиметри, четириесет и седум луѓе имале сериозни повреди. Но и покрај сите овие случаи, градот не е толку честа причина за смрт во САД. Индија и Кина имаат далеку повеќе вакви случаи.

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …