17.05.2024
Почетна / Градина / Цвеќе за веранда и дворче

Цвеќе за веранда и дворче

Големина на дворот не значи дека не може да се радувате на вашите цвеќиња, дрвца и слично. Така на пример одгледувањето на цвеќиња во жардињерите и саксиите завземаат прилично мал простор од дворот или оградата на вашата тераса.

Со правилниот избор на растенија можете да го претворите балконот или малата градина многу ефектна градина и вистинска оаза.

Грмушки

Азалиите, рододендроните и хортензиите цветаат во различни бои, додека шемширот и лавровото дрво ви носат темно зелена боја.

Лози и ползавци

Вашиот двор може да изгледа се повеќе зелен, а тоа може да го постигнете и доколку насадите лоза или некој ползавец кој ќе расте вертикално или хоризонтално над вашиот двор.

Во тој случај и кога би го кренале погледот, ќе можете да ги осетите зелените и другите бои на вашите растенија. Добра опција е во голема саксија во која имате засадено растение, да ставите маска, на која ќе се влечат розите.
Тоа може да го направите и со клематисот, добивајќи дополнителен ефект. Многу убаво изгледаат и растенијата кои се замотани по дрвјата во вашиот двор и растат вертикално во висина. Таков е на пример бршленот или хедерата.

Декоративни треви

Декоративните тревки се оние кој бараат најмалку грижа од останаите, но сепак нудат многу боја. Тие се исклучително погодни за градинарството во мали простори. Се одликуваат со голема разновидност, воопшто не стануваат повисоки и се многу издржливи на лоши временски услови и на болести и штетници. Некои од нив се светлољбиви, а некој успеваат и на сенка. Таква е на пример фестуката.

Бонсаи

Одгледувањето на мали дрва во саксии, претставува вистински предизвик и вклучува специфична техники на аранжирање и одлгедување. Нефритеното дрво, фикусот и јапонскиот јавор се многу погодни за вашиот двор, но бараат посебно внимание.

Висечки кошници или жардињери

Различните видови на растенија се развиваат добро во висечки кошници. Тие се многу спектакуларни и во исто време ослободуваат многу простор на земјата, изгледаат фантастично и претставуваат вистински декор во вашата градина. За повеќе раскош, може да комбинирате неколку видови на растенија во една кошница.

Види

Автоматизација на системот за наводнување

Автоматизацијата на системот за наводнување подразбира намалување на потребната рачна работа, а зголемување на ефикасноста …