04.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Црви кои јадат пластика за намалување на пластичниот отпад

Црви кои јадат пластика за намалување на пластичниот отпад

Истражувачи велат дека црвот „Галериа мелонела“, може да јаде пластика, и на тој начин да помогне да се намали отпадот од еден трилион пластични кеси, кои се фрлаат во светот годишно, јауваат од „Гласот на Америка“.

„Откривме дека ларвата од овој инсект може да разгради една од најцврстите, тешко отпорни и најчесто употребувани пластики“, вели Федерика Берточини од Институтот за биомедицина и биотехнологија во Кантабрија, Шпанија.

Таа додаде дека до откритието дошле случајно, забележувајќи дупки на пластични кеси направени од овој црв.

Берточини изјави дека црвите можат да ги направат дупките за помалку од еден час.

„И после 12 часа, истражувачите увидоа очигледно намалување на површината на кесата“, објаснува таа.

Пластиката не е природна храна за овој вид црв, и истражувачите велат дека се` уште треба да проучуваат како тој ја вари храната, но оти ова откритие може да доведе до решение за намалување на пластичниот отпад.

Истражувањето е објавено во магазинот Current Biology.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …