28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Денес и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот, во Македонија повторно очекуваме нови обилни врнежи од дожд на повеќе места, проследени со грмежи. Не се исклучува можноста повторно локално да се случат поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични пранења и со појава на град.

Денес, а особено во текот на дебешниот ден ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Остануваат високите пролетни температури на воздухот.

И во Скопје очекуваме слично време, денес и во вторник со повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

И во деновите потоа ќе продолжи променливото време со повремени локални врнежи од дожд, што значи како што и претходно најавивме ќе имаме влажна седмица.

Што се однесува до температурите, тие остануваат да кажеме пролетно високи и речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и близу 20 степени.

Денес и во вторник во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …