03.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Тие не се само најубаво обоените суштества на планетата Земја – Нивниот отров може да усмрти десет возрасни луѓе!

Тие не се само најубаво обоените суштества на планетата Земја – Нивниот отров може да усмрти десет возрасни луѓе!

Жабите т.н. дрволази или “Poison dart frogs”, членови на фамилијата Dendrobatidae се едни од најбрилијантно и најубаво обоените суштества на планетата Земја, а се воедно и едни од најотровните.

Зависно од индивидуалните станишта, кои се протегаат низ тропските шуми на Коста Рика и Бразил, нивното обојување може да биде жолто, златно, темно црвено, црвено, зелено, сино, или црно.

Нивниот детален и комплициран дизајн е намерно упадлив, за лесно да падне во очите на потенцијалниот предаторот и да го предупреди, тактика позната како апосемија.

Златниот дрволаз или Phyllobates terribilis (слика 2) е најотровниот претставник од оваа фамилија, а воедно е и едно од најотровните животни на планетата со доволно отров за да усмрти десет возрасни луѓе!

Извор: Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ))

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …