03.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Субвенциите за градинарите ќе се даваат по четири основи

Субвенциите за градинарите ќе се даваат по четири основи

Градинарите кои произведуваат зеленчук на отворено и во пластеници на најмалку 0,2 хектари имаат право на субвенција од 30.000, а 36.000 за површини од 0,7 до 5 хектари. За лубеници, дињи и тикви ќе се добиваат по 6.000 денари, соопштува Бизнис Вести.

Дополнителни директни плаќања ќе можат да добијат производителите на домати, пиперки, краставици и на режано цвеќе во оранжерии.

Висината на поддршката од 99.000 денари по хектар е за производството продадено на домашен пазар или извезено во странство во периодот од 1 јануари до 15 мај 2018 година.

За зеленчукот предаден во конзервната индустрија од 26 декември 2017 до 25 декември 2018 година, се добива по 3 денари за килограм.

За производителите на декоративни и брзорастечки садници субвенцијата е 6 000 денари по хектар.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …