06.05.2024
Почетна / Градина / Совршеното тело од секогаш е сон на жените: Ова е можеби најдоброто растение за слабеење

Совршеното тело од секогаш е сон на жените: Ова е можеби најдоброто растение за слабеење

Совршеното тело секогаш било сон на жените. Ако диетите кои сте ги искусиле не даваат резултат, ние ви нудиме едно растение со кои балерините ја одржуваат формата. Тоа е коренот од (ononis avensis) познато како громотрн. Најдобро би било да си го набавите сами.

Може да го комбинирате и со други растенија како нане, мајчина душица, кантарион, боз, но и да добиете еден ароматичен и корисен чај. Еден од најдобрите е коренот од громотрнот, кој може да се комбинира со други ароматични билки како нане, мајчина душица.

Тој наоѓа голема примена во борбата со прекумерната тежина. Може да се користи, како самостојно, така и со многу препарати кои му помагаат на процесот на слабеење. Помага и при намалување на целулитот, кој често е придружуван со задржување на водата во организмот. За намалување на телесната тежина најмногу препорачлива е запарката на корените од растението, бидејќи се чуваат етеричните масла. Две лажици ситно сечкани корени се запаруваат со 400 мл зовриена вода. По 30 минути течноста се прецедува и се пие 3 пати дневно по 100 мл после јадење. Може да се користат и подготвени спакувани чаеви – па во100 мл зовриена вода се ставаат 2 пакетчиња.

Ако поради некоја причина се добијат стомачни киселини, не е пожелно користење на ова растение. Тој ги топи мастите и го намалува апетитот. Се пие наутро пред појадок и навечер пред спиење по една чаша од 200 мл. И така во текот на месец. Се претпоставува дека за еден месец ќе намалите пет килограми, а доколку имате повеќе килограми се прави пауза и се повторува третманот. Но не заборавајте ја гимнастиката, таа е многу важна компонента во процесот на слабеење.

Пред употреба задолжително консултирајте се со матичен лекар или фармацевт!

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …