02.05.2024
Почетна / Градина / Собирање печурки во природата – опасно хоби

Собирање печурки во природата – опасно хоби

Прошетка во шумата и бесплатен ручек – звучи примамливо. Но со печурките треба да се биде навистина внимателен. Меѓу илјадниците видови на габи, тешко може да се разликуваат отровните од неотровните печурки.

Многу Европејци жалат за крајот на летото и почетокот на есенските и дождливи денови. Но, за љубителите на печурките ова е совршено време да ја земат корпата и да тргнат во шумата по потрага за вечера.

А потрагата за дивите печурки станува се повеќе популарна, станува хоби, а припремањето на ручекот кој сами сте го собрале, за многу луѓе предизвикува големо задоволство.

Опасната зелена опавка

Кратката сезона за печурките е во пролет, кога тие започнуваат да никнуваат од земјата.

Но, главната сезона е есента од септември до средината на ноември, кога паѓа дожд, но не е премногу ладно. Експертите велат дека печурките растат кај дрвја кои се типични за одредено подрачје. Има луѓе кои со берењето на печурки се занимаваат уште од мали, бидејќи „занаетот“ го научиле од родителите. Но, и најискусните „ловци“ на печурки треба да бидат внимателни. Со оглед на тоа што постојат илјада видови на габи, лесно може да се случи да се помешаат отровните со неотровните печурки. Најопасен вид на печурка е зелената пупавка, која предизвикува смрт скоро кај сите случаи од нејзиното труење.

Ако се сомневате – фрлете ја

Голем број почетници, кога собираат печурки често не можат да направат разлика помеѓу отровните и оние печурки кои се јадат. Експертите за печурки велат за да нема фатални последици, нека ги фрлаат или нека не ги берат оние печурки за кои не се сигурни и за кои се сомневаат. На крајот, подобро е да имате празен стомак отколку да завршите во болница поради труење од печурки.

Извор: факултети.мк

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …