18.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Со каква убавина плени глацијалното езеро Локув во Маврово ? (Фото)

Со каква убавина плени глацијалното езеро Локув во Маврово ? (Фото)

Прекрасни фотографии од птичја перспектива на ледничко езеро Локув објави на својот Фејсбук профил Националниот парк Маврово.

Ледничкото езеро Локув е најниското глацијално езеро во Р.Македонија и според неговата местоположба претставува една вистинска туристичка атракција.

Сместено во прегратките на Дешат планина на висина од околу 1568 м.н.в. е гордост на локалното население кое во негова близина има поставено неколку клупи за одмор, бачило, чешма со природна ладна вода за пиење и сл.

До локалитетот се стигнува со пешачење во должина од 8 километри низ планина со обележани планинарски патеки.

Има услови за тргнување од две локации и тоа од с. Битуше кај поранешната караула и с. Требиште. Постои можност да се изнајмат и коњи, а патеката е средно тешка и скоро преку целиот нејзин тек е прекриена со убава шума и ладовини.

Патеката изобилува и со видиковци од кои убаво се гледа кањонот на реката Радика, манастирот св Јован Бигорски и други пејсажи. На самиот локалитет може да се ужива во прекрасниот изглед на ова малку познато и уште неоткриено(од страна на туристи) езеро во кое опстануваат неколку интересни форми на живот од кои најпознат е “Тритонот„, водоземец кој наликува на риба и жаба.

Во близина на езерото е лоцирано и едно бачило во кое може да се проба тазе сирење попознато како Требишко сирење, и други млечни производи од ова поднебје. Интересно е што водата во езерото за време на летниот период е доста топла, а оние туристи кои го посетуваат местото имаат можност да уживаат во водите на една ретка планинска плажа.

Околу езерото има идеални места за излет, кампување и одмор во планина.

Во близина на езерото на околу 30 до 40 минути пешачење можат да се посетат и неколкуте “планински очи„ (езерца со чиста бистра вода распослани на падините на планината).

Погледнете ги фотографиите на следната страна

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …