28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Со измет од панда до производство на органски зелен чај

Со измет од панда до производство на органски зелен чај

Пандите даваат многу вештачко ѓубриво, со околу 70 отсто од хранливи материи во нивниот измет.

Во Кина пандата се смета за национално богатство, а во последно време се одгледуваат за производство на органски зелен чај, кој подоцна се продава за 200 $ за половина чаша.

Еден претприемач од југозападниот дел на Кина, Јанша, во планините со помош на измет од панди има производство на органски зелен чај. Тој во текот на оваа зима купил околу 11 тони ѓубриво.

Вели дека првата група на чај што ќе се продава ќе чини некаде околу 3500 $ (22.000 јуани) за 50 грама чај, што го прави најскапиот чај во светот, јавуваат официјални лица.

Со цел да се брани високата цена на чај, овој претприемач објасни дека дел од профитот од почетниот износ ќе го дава на фондот за заштита на животната средина, додавајќи дека цената на чај следната испорака ќе биде поевтина. “Им се заблагодарувам на небесата и на земјата дека сме биле благословени со овој панда еколошки чај”, “Пандите даваат многу вештачко ѓубриво, тие се како машини”, истакна тој, објаснувајќи дека околу во нив има околу 70 отсто од хранливите материи во изметот.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …