04.05.2024
Почетна / Градина / Храна / Сибирска боровница или аронија – зрно полно здравје

Сибирска боровница или аронија – зрно полно здравје

Сибирска боровиница или народски познато како аронија, е растение кое едноставно претставува антиоксидантна бомба за организамот.

Аронијата е интересно растение бидејќи него не го напаѓаат штетници, па затоа и нема потреба да се заштитува со штетни пестициди, што само ја потврдува неговата безбедност по здравјето.

Ова растение е исто како и обичната боровница која ја познаваме и многу тешко е со око да се забележи разликата.

Аронијата е донесена од Северна Америка, а сибирска боровница е наречена поради тоа што прво била донесена во Русија и тоа во Сибир.

Аронијата е многу издржливо растение бидејќи може да издржи температура до 45 степени под нулата. Аронијата е овошје кое до неодамна воопшто не беше проучено. Има извонредни лековити својства, а древните Индијанци го користело за приготовка на многу разни лекови и други состојки кои секојдневно ги употребувале. Според најновите истражувања, сибирската боровница е одлична во справувањето со слободните радикали во организамот. Богата е со флавоноиди, биофеноли, витамин Ц, витамин А, витамин Б6, Б12, Б1, калциум, калиум, манган, фосфор… и уште многу други корисни витамини и минерали кои се вистински благодет за организамот.

Идеално би било кога човекот би можел да јаде барем по 20 грама дневно од ова овошје – велат научниците. Тие го потврдуваат благотворното дејство на аронијата во борбата против разни карциноми, особено карцином на дебелото црево. Ако почнеме да пишуваме за составот на плодот и неговите благотворни дејства за организамот, тешко дека ќе можеме нешто да не испуштиме, затоа ќе ви ги наброиме само оние најзначајните придобивки кои аронијата може да ви ги понуди а тоа се:

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …