17.05.2024
Почетна / Градина / Што значат малите бонсаи и како тие се одгледуваат?

Што значат малите бонсаи и како тие се одгледуваат?

Во последно време, за себе, но и за наши блиски купуваме поклон – мало дрвце- бонсаи.

Што всушност значи бонсаи? Во превод значи сад дрво – “pot tree”. Дрво приспособено да живее во мал сад.

Тоа исто дрво си ги има истите негови еколошки карактеристики, со тоа што само на еден начин е структуирано (оформено) да има ссодветен однос помеѓу крошна-стебло-корен. Тоа е еден вид уметност, наша креација, нашата идеја претставена на самото дрво.

Може да има различна форма: каскадна, полукаскадна, формална. Кај нас што се среќаваат бонсаи од различни видови, како на пример: Serissa, Ligustrum. Zelkova. Carmona. Ficus ginseng. Сите се овие егзотии (Zelkova ја има во Македонија) и затоа се видови кои се чуваат внатре, особено во зимските ладни денови. Во текот на летото, истите може да се изнесат надвор, само да се пази да не бидат изложени на сонце, односно мораат да бидат под засена.

Како и за секое растение, така и за бонсаи-то, треба да посветиме макар и 5 минути од нашето време. Особено за полевањето, тие се засадени во мали садови, што значи почвата бргу се суши. Затоа е потребно секојдневно полевање (освен за Ficus ginseng) и најсигурен начин дека добро се напила почвата е со потопување на саксијата во една кофа вода. Нека поминат неколку секунди, исцедете и вратете го на местото каде што ви стои. Како времето заладува, така и честотата на полевање ќе биде помала.

Секое бонсаи си има некоја претходно зададена форма во надземниот дел (крошната). Нормално, при растот тие ќе ја изгубат својата форма односно ќе прераснат. Затоа е потребно и самото наше око ќе го забележи истото, со ножици да се скратат сите оние гранки кои се непотребни. Секое кроење е поволно, со тоа ја намалувате транспирацијата и му давате форма и насоки на раст. Слободно опуштете се при кроењето, не можете да згрешите. Секое бонсаи треба да има лице, односно предна страна која всушност ни го дефинира изгледот на бонсаи-то.

Не е тешко да се чува бонсаи. Да не заборавиме дека бонсаи-то е дел од традицијата кај Јапонците и Кинезите.

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …