03.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Што содржи и како се користи пролетното зеленило

Што содржи и како се користи пролетното зеленило

Каков вкус има?

На неа мислиме обично кога ќе се каже зелена салата. Има благ вкус и е идеална за комбинација со салати со посилен вкус, како што е радичот (вид лук) и дабовите листови.

Што содржи?

Во зелената салата има калиум, фосфор, калциум, магнезиум, витамин Ц, каротен (провитамин А), витамин Е, Б1, Б2, Б6 и ниацин. Надворешните лисја на зелената салата имаат двојно повеќе витамин Ц отколкувнатрешните.

Како да ја користите?

Одлично се согласува со пикантни сосови а класичен прелив за салатата путерка е оној од оцет, масло и зачински тревки. Ќе ​​биде вкусна ако се прелее со јогурт. Путерката секогаш прелејте ја пред сервирање, во спротивно ќе стане млитава. Нејзините лисја не треба да се сечат, туку само да се кинат. Се користат цврсти, зелени лисја и мекото срце, но количеството на витамини се намалува кон нејзиното срце.

Блитва

Каков вкус има?

Листовите на блитвата се благи, прилично со неутрален вкус, што ја прави идеална за комбинирање со компири или како прилог на јадења од риба. Што содржи? Блитвата е богата со протеини и минерали, и како и сите видови лиснат зеленчук е еден од нискокалоричните видови храна, во 100 грама варена и исцедена блитва има само 20 калории. Таа содржи магнезиум, железо и витамини Б и Ц.

Како да ја користите?

Блитвата во фрижидер може да стои до една недела. Пред подготовка, листовите треба добро да се измијат под млаз вода. За да се зачуваат хранливите состојки, доволно е да се варат 5-7 минути. Можете да ја подготвите како спанаќот и добро се сложува со интензивниот вкус и арома на лук и лимонска киселина.

Влашец

Каков вкус има? Најмалиот од сите видови на кромид, влашецот се смета за најпрефинет. На јадењата им дава посебен вкус, со извесна нота на свежина која другите видови ја немаат.

Што содржи?

Свежите листови содржат многу големо количество на витамини А и Ц, помалку витамин Б,а од минералите се застапени фосфорот и железото. Како да го користите? За храна и зачин се користат ситно исецкани листови. Најмногу се користи во француската кујна како префинет и пријатен аромат, но и за декорација на јадења. Ситно исецкан се додава во супи, зеленчукови јадења и сосови, особено оние базирани на јајца или јогурт. Долготоварење ја уништува неговата специфична арома, па затоа е најдобро да се додава на крајот на подготвување на оброкот или пред сервирањето. Влашецот се додава во разни топли и ладни јадења, салати, омлети, ориз и пилешко.

Брокула

Каков вкус има?

Брокулата има подискретен вкусов од други видови зелки на кои им припаѓа. Во споредба со карфиолот, брокулата има нешто посилен вкус. Во исхраната се користи сурова, варена или само како зачин. Интересно е тоа што варената брокула е похранлива отколку свежата.

Што содржи?

Освен изобилство од растителни влакна, брокулата е право богатство на витамини, посебно А и Ц и се потврдува присуството на минерали: калиум, калциум и магнезиум. Брокулата содржи јаглехидрати, фолна киселина и фосфор. Бидејќи содржи малку калории, а многу корисни состојки,се препорачува во диеталната исхрана, но исто така е поволна и во исхраната на бремените жени.

Како да ја користите?

Свежата брокула може да се чува и до една недела во отворен пластичен сад во фрижидер. Пред да ја ставите во фрижидер, не ја мијте бидејќи водата би влијаела брокулата да ја изгуби свежината и квалитетот. Кратко се готви и е добра кога ќе се посипе со масло, сусам, маслиново масло и сок од лимон.

 

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …