22.05.2024
Почетна / Градина / Што да правиме со искосената трева?

Што да правиме со искосената трева?

Какво да се направи со покосената трева? Доколку сакате убав, низок тревник сигурно често го косите. Меѓутоа, честото косење носи големи количини на покосена трева која (доколку ништо не одгледувате) единствено ви смета.

Повеќето градинари кои лично ги познавам покосената трева ја фрлаат во ѓубре. Јас со неверување вртам глава и се чудам зошто така го расипуваат најефтиното ѓубриво.

Покосената трева е погодна за таканареченото малчирање. Во прашање е ставање на органскиот материјал (покосена трева, компост, сува кора од грав) на земјиште околу украсните и наменските растенија.

Малчирањето го ограничува прекумерното испарување на водата, долго одржува поволна влага за земјиштето и создава поволна микроклима за корисните микроорганизми. Нешто повеќе, покосената трева која што ја ставаме околу растениајта ослободува хранливи материи кои растенијата лесно ги превземаат. Малчирањето на доматот и модриот патлижан може многу ефикасно да го ограничи пукањето на плодовите.

Доколку за малчирање употребите покосена трева или незрел компост може да го спречите опаѓањето на плодовите на рибизлите и грозјето за време на суша која често може да биде долга. Сувата кора од гравот нема хранлива вреднсот и се користи за малчирање на репрезентативни места како паркови, пред куќата, во дворот итн.

Текстот е превземен од „Ботаникс“ весник за растенија и градинарство

Види

Колку тежел најтешкиот лимон во светот

Сеуште не е откриен поголем лимон од тој во 2003 година. Лимонот бил тежок цели …