03.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Се препорачува како лек против бронхит, астма, коронарна срцева болест …

Се препорачува како лек против бронхит, астма, коронарна срцева болест …

Чајната билка или камелијата латински уште се нарекува „Camellia sinensis“ се користи за правење на бел чај, зелен чај, улонг и црн чај.

Името „sinensis“ на латински значи „кинески“ од каде и води потекло. Денес се одгледува во сите делови на светот вклучително и Македонија.

Претставува зимзелена грмушка со силен главен корен, а цветовите се жолто-бели, со 7 до 8 ливчиња. Од семето може да се добие чајно масло, кој се користи во кулинарството како масло за готвење.

Свежите листови содржат околу 4% кофеин. Младите, светлозелени листови се користат за добивање чај.

Постојат повеќе сорти а меѓу најпознатите се асамската сорта, кинеската и камбоџанската.

Асамската главно расте во регионот Асам, Индија. Откриено е во 1823. Во дивина достигнува височина од 6 до 20метри. Ова е претежно низинско растение, и има потреба од вода но и добро отцедување. Не трпи многу високи температури.

Кинеската сорта расте до 3 метри височина и води потекло од Кина. Тоа е првата откриена чајна билка која се користела за правење на чај уште пред 3000 години.

Чајните листови се користат во кинеската народна медицина и други медицински системи како лек за бронхит, против астма, ангина пекторис, периферна васкуларна болест и коронарна срцева болест.

Пред употреба консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …