28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / (Рецепт) Традиционален руски квасец од цвекло: Спречува раст на малигни клетки и го чисти телото од отрови

(Рецепт) Традиционален руски квасец од цвекло: Спречува раст на малигни клетки и го чисти телото од отрови

Земањето на квасец од цвекло може да го спречи растот на малигните клетки, да го исчисти организмот од отрови и штетните материи како и при проблеми со цревата…
Руската традиционална медицина тврди дека квасецот од цвекло е најдобра алтернатива за лекување на хипертензија, атеросклероза, а исто така е одлична и’ за чистење на црниот дроб после хемотерапија.
Состојки:
700 г свежо излупено цвекло
200 г шеќер или мед
100 г грозје
2 лажици брашно или 2 парчиња отстоен ’ржан или црн леб
тегла од 3 литри
Подготовка:цвеклото исечете го на коцки или тенки кришки и наполнете ја теглата. Додајте грозје, брашно и шеќер. Теглата наполнете ја со ладна вода (претходно провриена), покријте со газа (да минува воздух) и оставете шест до седум дена да започне процесот на ферментација на топло.Два пати дневно измешајте ја содржината од теглата, и ако е потребно соберете ја пената.После седум дена низ газа исцедете ја смесата, течноста префрлете ја во стаклен сад, а остатокот фрлете го.Квасецот држете го во фрижидер.
Земајте три до четири лажици од смесата, три пати дневно, пред јадење.
Кога ќе го испиете цел квасец направете пауза од три месеци. Постапката повторете ја уште еднаш и повторно направете пауза од три месеци. Црниот дроб ќе биде совршено чист, после само една година. Можете да забележите знаци на „нежен пролив“, но тоа е нормално, бидејќи организмот се чисти.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …