28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / (Рецепт) Ризница на здравје: Напиток полн со витамини и минерали кој го лекува пролетниот замор!

(Рецепт) Ризница на здравје: Напиток полн со витамини и минерали кој го лекува пролетниот замор!

Честото прозевање, безволност, брзото заморување се само некои од симптомите во преодниот период од зима во пролет, а ги донесува пролетниот замор.
За да го кренеме нивото на енергија, предлагаме здрав и вкусен напиток богат со витамини и минерали.
Преодниот период од едно во друго годишно време многумина знаат да го почувствват, а причина е пролетниот замор. Брзото уморување, губење концентрација, прозевање и чувство на константна потреба за сон се симптомите кои се јавуваат, а настануват како резултат на слабата телесна активност и намање внес на витамини
Еден од омилените „кренувачи“ на енергијата кој е присутен во свежото овошје и зеленчук е витаминот Ц. Освен што помогнува при апсорпцијата на железото, за нашето здравје е вистинска ризница.
За да ја надоместиме потребата за тој витамин и останатите минерали ви предлагаме едноставен и вкусен напиток кој буди од „зимскиот сон“.
Потребни состојки:
4 листови блитва
1 рендан морков со средна големина
1 цеден портокал
1 лажичка мед
2 лажички сок од лимон
1/2 лажичка куркума
малку рендан ѓумбир (по желба)
200 мл вода
неколку коцки лед
Подготовка:сите состојки ставете ги во блендер или соковник, измешајте и уживајте во енергетската чаша здравје.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …