28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Пушачи, доматите би можеле да ве спасат

Пушачи, доматите би можеле да ве спасат

Исхраната богата со домати и овошје донесува низа здравствени полезности, од намалување на ризикот за рак до јакнење на имунолошкиот систем. Според новата студија, тие продукти можат и’ да ја обноват функцијата на плуќата на бившите пушачи.
Секоја година отприлика 55. отсто пушачи се обидуваат да престанат да пушат. Престанувањето со пушење драматично го намалува ризикот од болести на плуќата, од кронична опструктивна болест на плуќата (КОПБ) до рак.
Здравјето на плуќата, после престанувањето со пушење, е тема кој предизвикува
голем интерес меѓу бившите пушачи и здравствените професионалци.
Плуќата почнуваат да зацелуваат веднаш после гасењето на последната цигара, но процесот на потполно опоравување е спор и може да трае со години.
Дополнително, престанувњето со пушење во потполност не го брише ризикот од
болести поврзани со пушењето.
Вториот фактор кој треба да се земе предвид е фактот дека плуќата потполно
созреваат помеѓу 20. и 25. година, а после 35. функцијата на плуќата полека
почнува да слабее и постепено дишењето станува се’ потешко. Тоа се случува
бидејќи мускулите ја губат еластичноста а алвеолите својот облик.
Истражувањето на научниците од школото за јавно здравје на Џон Хопкинс во
Балтимор покажало дека исхраната богата со домати и овошје, посебно со јаболки, го намалува ризикот од КОПБ на бившите пушачи, а во исто време го успорува природното слабеење на функцијата на плуќата.Ова вреди и за лицата кои никогаш не пушеле.
Волшебниот број е, велат на списанието European Respiratory Journal.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …