18.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Првични предвидувања на ФАО за годината што следи: Понудата на житарици ќе ги намали рекордно високите цени

Првични предвидувања на ФАО за годината што следи: Понудата на житарици ќе ги намали рекордно високите цени

Што се однесува до употребата на житарици, новата прогноза на ФАО – и за храна и за добиточна храна – исто така укажува на највисоко ниво од 2 626 милиони тони. Тоа се одразува на проектираното зголемување на искористувањето на оризот во светски рамки за 1.0 проценти, зголемување на глобалното искористување на пченицата од 0,8 проценти и зголемување на вкупната искористеност на сурови зрна за 0,4 проценти, од кои искористувањето на пченката за добиточна храна се очекува да се зголеми за 2,8 проценти, на нови 615 милиони тони. Најголемото годишно зголемување на употребата на пченка за добиточна храна е предвидено во Кина и Јужна Америка.

Како резултат на тоа, ФАО очекува светските резерви на житни култури кон крајот на сезоната во 2019 година да паднат за 2,7 отсто, додека пак соодносот помеѓу светските резерви и вкупното производство на житни култури и нивната вкупна искористеност да се намали на 27,2 отсто, што е помалку од 16-годишното високо ниво од 28,8 отсто во 2017/18, но многу над историскиот минимум од 20,4 проценти регистриран во 2007/08 година.

Првичната прогноза на ФАО за меѓународната трговија со житни култури во годината што следи е фиксирана на 406 милиони тони, што значи само 0,6 отсто пад од највисоката очекувана за тековната сезона.

Ценовни трендови

Индексот на ФАО за цените на житни култури се зголеми за 1,7 отсто во април, што е четврти последователен месечен пораст, и сега е 15,4 отсто над неговата вредност пред една година. Цените на пченицата беа под влијание на климатските ризици во САД, додека намаленото производство предизвикано од суши во Аргентина и пониските количини насади во САД ги зголемија меѓународните цени за пченка. Цените на оризот исто така се зголемија.

Индексот на ФАО за цените на млечните производи се зголеми за 3,4 проценти од март, како одраз на силната побарувачка за сите производи од млеко, како и загриженоста за можностите за извоз во Нов Зеланд.

Индексот на ФАО за цените на храната е мерка за месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница.

Пад беше забележан во април на три други под-индекси. Индексот на ФАО за цени на растително масло е намален за 1,4 проценти од март, додека индексот на ФАО за цените на месото е намален за 0,9 проценти.

Индексот на ФАО за цените на шеќерот падна за 4,8 отсто во април од претходниот месец, продолжувајќи со намалувањето што започна во декември минатата година, а во просек е за 24 отсто понизок од април 2017 година. Пониските цени се одраз на вишокот понуда како резултат на рекордото производство во Тајланд и во Индија, вториот најголем светски производител на шеќер, како и девалвацијата на валутата на Бразил, најголемиот светски производител.

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …