27.04.2024
Почетна / Градина / Храна / Производителите на ориз ќе добијат зголемена субвенција од 18 илјади денари по хектар

Производителите на ориз ќе добијат зголемена субвенција од 18 илјади денари по хектар

Министерот Николовски посоччи дека во рамки на соработката на земјите од Централна и Источна Европа со Народна Република Кина, формирана е Асоцијација за промоција на земјоделството со седиште во Софија, во која членува и Република Македонија. Преку Асоцијацијата, во наредниот период се планирани неколку проекти, меѓу кои многу значаен е проектот за поставување на демонстративно поле за одгледување на нови хибридни сорти ориз со потекло од Кина, кои се карактеризираат со висок квалитет и значително поголеми приноси.

„Подобрувањето на сортниот состав на оризот како важна житна култура за Република Македонија, согласно барањата на пазарите е неопходно доколку сакаме да го зголемиме пласманот и неговата конкурентска способност.За таа цел, ќе отпочне соработка меѓу Националниот истражувачки центар за хибриден ориз од Кина од каде ќе биде пренесена оваа напредна технологија на производство, Земјоделскиот универзитет од Пловдив, Бугарија и Институтот за ориз во Кочани, во чии рамки се планира реализацијата на овој предлог проект“, потенцираше министерот Николовски.

На денешната манифестација присуствуваше и амбасадорката на НР Кина во Република Македонија, Лин Лисјен, како и унгарскиот амбасадор Ласло Дукс .
Во втората половина на месецов претставници од Кина и од Бугарија ќе дојдат во посета на Институтот за ориз во Кочани, за да ја согледаат состојбата и да се утврдат понатамошните чекори за отпочнување на проектот.

Министерот Николовски посочи дека Владата ќе работи на создавање на производство со висока додадена вредност, кое ќе биде конкурентно на странските пазари и дека тоа може да се постигне во производството со ориз, за што од исклучително значење е поддршката на научно – истражувачките проекти за примена на напредни техники и технологии на земјоделското производство кај поголем број земјоделски култури кои успеваат во Република Македонија.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …