04.05.2024
Почетна / Градина / Природнa реткост на нашата земја – пештерски пајаци

Природнa реткост на нашата земја – пештерски пајаци

Поради недостиг на светлина ниските температури и преголемата влажност, пештерите изгледаат “испразнети” од живот, но и покрај тоа, одредена група организми во текот на еволуцијата се приспособила на овие услови и преживеала до денес.

Од досегашните работења во биоспеологијата, наука што ги проучува живите организми во пештерите, пронајдени се два нови вида пајаци во пештерата Ѓоновица, Гостиварско и во пештерата Бозгуни , кај Патишка река.

Тоа е нов вид псевдоскорпија од неоткриената пештера на Сува Планина. Меѓу пронајдените псеудосорпии, опилиони, пештерски ракчиња, разни ларви итн., во пештерата Бела Вода во Демир Капија, има и многу нови видови на пајаци.

Нивниот опис е во тек. Досега се опишани само четири нови вида од исто толку различни пештери. Ако се земе предвид фактот дека во Македонија се проучени околу 500 пештери, а се прeтпоставува дека има околу 2000, тогаш бројот на пештерските пајаци би бил далеку поголем од досегашниот.

Пештерските пајаци се ситни, безбојни и споро се движат по подот и ѕидовите на пештерата. За разлика од останатите видови што се среќаваат на површината на земјата, тие се карактеризираат со депигментацијата, бидејќи не им е потребна заштита од ултравиолетово зрачење, делумно или целосно го имаат изгубено видот (анофталмија), нозете и влакната им се издолжени, нивниот метаболизам е намален, а животот им е три до четири пати подолг од своите роднини на површината.

Проучувањето на пештерските пајаци е значајно бидејќи тие се живи фосили што не се среќаваат на ниедно друго место на планетата. Овие пајаци се остатоци од прастарата фауна на балканските тропски шуми што се наоѓале на овие простори пред многу милиони години. Спас од многубројните климатски промени, овие инсекти нашле во пештерите. Тие им понудиле поповолни услови за живот иако таму имале вечен мрак, константна температура, висока влажност и минимални воздушни струења. Македонија е богата со реликтни и ендемски видови пајаци што освен во пештерите се сочувале во клисурите и и во високите планински предели.

Извор: Истражувачко друштво на студенти биолози

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …