17.05.2024
Почетна / Uncategorized / ППГЦУД: Целата состојба оневозможува продажба на сезонско цвеќе во саксии/ режано цвеќе

ППГЦУД: Целата состојба оневозможува продажба на сезонско цвеќе во саксии/ режано цвеќе

„Ние претставниците/членовите на Постојана потсекторска група за цвеке и украсни дрва (ППГЦУД), попрецизно производителите на сезонско и режано цвеќе ве известуваме и воедно алармираме за негативните импликации што новoнастанатата ситуација со Корона вирусот КОВИД 19 ја има врз овој сектор од стопанството односно во овој дел од земјоделието.
Во моментов, односно од средина на Март – па наваму нашето производство е спремно за пласман на пазарот, но заради состојбата во која се наоѓа земјава и околниот регион воопшто не е возможен пласман на производите. Целата состојба оневозможува продажба на сезонско цвеќе во саксии/ режано цвеќе, за истите интересот е изгубен, а производите за кратко време пропаѓаат.
Да потсетам дека нашава гранка спаѓа во интензивно земјоделско производство – што подразбира големи трошоци и расходи по единица површина (скапи репроматријали, греење, ѓубрење/заштитни сретства, работна сила).
Веќе ги трпиме првите штети, а пак развојот на ситуацијата е крајно неповолен и неминовно води кон зголемување на загубите во се поголем обем. Исто така би напоменале дека имаме вработено стручни лица и обучени работници, кои поради состојбата не ќе можеме да ги задржиме!
Заради погоре наведеното – преголемите трошоци во производството (од сопствени средства и кредити), алармираме дека без интервенција/помош од страна на Владата ќе пропадне продажната сезона а тоа ќе води до банкрот на секој економски оператор односно до колапс на овој сектор во РС Македонија
На крајот би побарале да кризниот штаб на владата на РС Македонија го евидентира ова наше известување/барање, да не стави во листата на економски оператори кои се длабоко погодени од кризата со корона вирусот и ни пружи економска помош и поддршка на сите можни начини и мерки кои и се на располагање или би ги донела владата во иднина!“, се вели во пораката на производителите на сезонско цвеќе.

Поднеле:
1. Јасмина Луканова – Претседател на ППГЦУД и претставник на Федерација на Фармери, со право на глас ( Левидија ДООЕЛ – Скопје)
………………………………………………
2. Александар Костовски – Секретар на ППГЦУД назначен од МЗШВ, со право на глас
………………………………………………
3. Зоран Весковски – член на ППГЦУД со право на глас (Китка Индивидуален Земјоделец – Скопје)
………………………………………………
4. Соња Маџункова Василева – член на ППГЦУД со право на глас ( Градина Цвет ДОО – Струмица)
……………………………………………….
5. Ангел Антовски – Расадник Ангел ДООЕЛ- Скопје – производител гостин
………………………………………………
6. Стефан Михајловски- Гранде Флора ДООЕЛ – Скопје – производител гостин
……………………………………………..
7. Роберт Петрушевски – Агро цвет-Мила Индивидуален Земјоделец- Скопје
………………………………………………

Барањето до министерството на производителите на сезонско цвеќе во прилог:

“Почитуван Министер,
Поради настанатата кризна состојба во Државата со Корона вирусот
( КОВИД 19) .Ние како производители на сезонско цвеке (саксиско цвеке ) и украсен материјал сме директно оштетени во екот на продажбата.
Продажбата на саксиско цвеке ( СЕЗОНСКО ЦВЕКЕ ) во моментот е целосно сопрена .
-Почитуван ве замолуваме ургентно да постапите по нашето известување – Барање поради настанатата состојба .
Бидејки ситуацијата од ден на ден се влошува ние како производители сме приморни нашето сезонско цвеке да го уништиме ( фрлиме ) .
Во кратка напомена ве известуваме дека стотици вработени ке бидаат напуштени од работа и фирмите ке ставаат клуч на врата , а се работи за доста голем број на фирми за произвотство на саксиско цвеке и украсни растенија во кој има стотици вработени и дополнителни сезонски работници во Струмичкиот регионот на Република Северна Македонија .
Очекуваме од министерството веднаш да реагира и да ја извести Владата но и да се заложи за оваа гранкаа која и се загрозува опстанокот , по примерот во другите сектори што побрзо да излезе со сет мерки , а кои е најпожелно да се градаат преку мегусебни разговори во министерството но што е можно по итно.

Бидејки се работи за доста обемено произвотство кој што е наменето за домашен и извозен пазар пропратени со големи инвестиции и скапи репро материјали кој што се увезуваат од земјите членки на Европската унија ( Холандија , Словенија ,Италија , Германија и Литванија ) .Настанатите трошкови завеке стасаното произвотство за пазар а кое што неможе да се пласира на пасарите ке придонесе фирмите да ставаат клуч на врата поради неостварениот пласман и приход од истите .
Само да напоменеме дека дел од произвотството на саксиско цвеке се пласираше (Извезуваше ) на пазарите во соседните Држави .
Почитуван Министр ве замолуваме да не вземете во обзир со конкретни предлози или формирате комисии поради увид на фактичката состојба на теренот.
За сето оваа доколку е потребно ке се достават и книговотствени документи .
Доколку има потреба ние би оствариле и средба со вас.
Почитуван Министре однапред ви благодариме за Вашето разбирање, и во краток период да ни одговорите на нашето барање и известување .
Доколку сметате остварете средба со нас со предлози за понатамошно постапување.
Со почит

Поднесители на барањето
1 ГАРДЕН ЦЕНТАР МАРИЈА БЛУМЕН СТРУМИЦА
2 ХОРТИ ЕКСПЕРТ МИЦЕВСКИ с.БАНСКО
3 ЦВЕТ РАСАДНИК с. ЗУБОВО
4 ЏИМ ГАРДЕН КОМПАНИ с. САЧЕВО
5 ЦВЕТНИ ДВОРОВИ с.КОЛЕШИНО
6 ФЛОКС АН ПЛУС СТРУМИЦА
7 ГРАДИНА-ЦВЕТ с. ВЛАДЕВЦИ
8 КИТКА И.З. с.ДРАЧЕВО – СКОПЈЕ
9 РАСАДНИК АНГЕЛ с.ИНЏИКОВО – СКОПЈЕ
10 ГРАНДЕ ФЛОРА с.ПЕТРОВЕЦ – СКОПЈЕ
11 АГРО ЦВЕТ – МИЛА И.З. с.УСЈЕ – СКОПЈЕ
12 СУПЕР ГАРДЕН ПРОФИ с.БАРДОВЦИ – СКОПЈЕ

Види

Градинарство во Зима

Со оглед на последните временски заладувања ќе се потрудиме да ви понудиме неколку совети како …